ИХФ одбива ракомет на ЗОИ

Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа ја одбива идејата ракометот место на летните, да се игра на зимските олимпијади.



Ракометот како спорт своето место пред тв аудиториумите си го најде во зимските месеци, декември и јануари кога другите конкурентни спортови главно се на пауза, особено фудбалот. Гледаноста во тие месеци е „загарантирана“, но од друга страна го приближува до зимските спортови. 
Стара идеја е овој спорт место на летните да се пресели на зимските Олимписки игри и таа се појавува во јавноста и периодично.
По ЕП 2022 одново се појави оваа иницијатива, односно дебата дали е така подобро, дали играчите ќе добијат повеќе слободно време, дали така календарот подобро се вклопува и базирано на тоа дека главно во зимските месеци се играат големите натпреварувања. 

Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа во интервју за германскиот медиум Handball Woche децидно ја одби идејата дека вакво нешто ќе биде на дневен ред и ќе се дискутира посериозно за промена од толку голем обем. 
Ракометот останува на ЛОИ, а единственото поместување е што континенталното ЕП Македонија/Словенија/Ц. Гора поради фудбалското СП, место во декември ќе се игра во ноември годинава. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk