ИХФ ги суспендираше Русија и Белорусија

Неколку дена по ЕХФ и откако скандинавските медиуми почнаа отворено да прашуваат и Светската ракометна федерациј (ИХФ) објави суспензија на руските и белоруските репрезентации, екипи, предавачи, делегати и судии... 



Со оглед на тоа дека ИХФ нема настани во своја организација до летово, од Базел немаше брза реакција со објавувањето на суспензии кон Русија и Белорусија. Сепак, нивниот „воздржан“ став наиде на реакции, па денеска стигна и официјалната објава дека се воведени санкции. 
Женските У20 и У18 репрезентации на Русија нема да учествуваат на летошните мундијали, исто и машката репрезентација во ракомет на плажа. Ниту делегатите, предавачите и судиите од овие две земји нема да бидат номинирани.

Наскоро ќе биде објавено и што ќе биде преземено следствено на овие суспензии. 

Доколку кризата не биде надмината со лето и доколку санкциите кон Русија и Белорусија опстојат и наесен, тогаш измени ќе има и во ЕХФ Шампионатите. 

Нашата М18 репрезентација треба да игра во Литванија, а патем вкрстува во група во која главен фаворит беше Русија. Швајцарија и Романија сега ќе имаат полесен пат до полуфиналето, каде што веруваме ќе се сретнат со Македонија. 

Нашата М20 репрезентација, пак, сосема извесно се соочува со нова распределба на местата по групите на М20 ЕХФ Шампионатот во Варна. Ова е затоа што во групата со која вкрстуваме се Белорусија и Украина. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk