Легенардниот пивот нема веќе да игра за Германија

Патрик Винцек, германскиот репрезентативец со полски корени, објави крај на репрезентативната кариера. Мундијалите и европските шампионати, ќе останат посиромашни за легендарен лик. 



Не е честа слика играч познат по дефанзива да добие епитет „легендарен“. Но, Патрик Винцек тоа го има одамна заслужено. Познат по својот ладнокрвен налик на албино изглед и уште поладнокрвното, бескомпромисно и беспоштедно  „таманење“ на противничките играчи, било да се тоа млади или стари, познати или непознати, ѕвезди или таленти. Никој не минал без својата доза на модринки кога се обидел да помине покрај пикерот на Кил. 

Ако на ова додадеме и сосема солидни партии во напад, добиваме една комплетна слика на играч што сигурно ќе недостасува на големата сцена. Или како што изјави селекторот Гисласон:
„Екстремно сме несреќни што Винцек реши да се повлече. Но, ќе ја почитуваме неговата одлука“. 

Ќе го гледаме во Кил, има 33 години и уште има ракомет пред него. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk