Машката репрезентација на Македонија одново ќе биде на собир следната недела, прв пат по настапот на Европското првенство во Унгарија.
Репрезентацијата на Македонија на 17 март во Скопје и два дена подоцна во Букурешт ќе игра бараж дуел со Романија за пласман на СП Полска и Шведска.
Победникот од овој дуел ќе игра и втора бараж, во кој противник ќе биде селекцијата на Чешка.
Федерациите се должни списоците со играчи да ги пријават во ЕХФ најдоцна девет дена до одигрувањето на првиот натпревар. Се работи за пошироки списоци од кои подоцна смее да се селектира тим за закажаните натпревари.
Кирил Лазаров чекаше финален развој на здравствената ситуација со Марко Мишевски и Никола Маркоски пред да ги објави списоците. Неговиот избор е следниов: