Магдебург одбројува до титула, Вецлар близу Европа

Со 21 победа од 22 одиграни натпревари, екипата на Магдебург сигурно чекори кон шампионската титула во Бундес лигата. Тоа би била втора шампионска титула на Магдебург во  Бундес лигата по 2001.
Инаку, Магдебург бил 10 пати шампион на Источна Германија и три пати европски шампион, последен пат во 2002. 



Почна финалното одбројување за Магдебург. Уште 10 победи им требаат во последните 12 кола за да станат шампиони и тоа под услов Кил да не направи „кикс“ никаде. Флензбург, по два нерешени и еден пораз во последните пет меча е веќе со заостанување од девет бода. Кил во моментов е на минус четири од Магдебург и натпревар повеќе. Ако Магдебург го совлада Штутгарт на 13 март, ќе биде шест бода плус на 11 кола до крајот. 

Постојат добри шанси следната сезона да го видиме Вецлар во Европа. Клубот каде што игра и асистира на тренерот нашиот репрезентативец Филип Миркуловски има два бода повеќе и меч повеќе од Мелзунген. Во моментов е на петтото мето кое носи играње во Европа. 

Филип Кузмановски и Хановер имаат една победа на последните пет меча, но таа е доволна за пласман на 14 место. Хановр има 14 бода, пет повеќе од Минден и Балинген кои се во зона за испаѓање. Хановер има и два меча помалку од споменатите кандидати за понизок ранг, па веруваме дека во последните кога лесно ќе се изборат за опстанок. 

Кај Штутгарт каде што игра Жарко Пешевски е малку потенко, тие е едно место под Хановер. Но и тие откако освоија три бода на последните два меча избегаа на 12 бода, односно три повеќе од  последните двајца, Минден и Балинген и два повеќе од Лубеке кој е на 16 место. Но, Пешевски заминува од Штутгарт на крајот на сезоната, така што дали ќе опстанат или не... 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk