Македонија не успеа, десет лоши минути сменија се

МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА 20-27 (11-13)
Стрелци за Македонија: Ристовска 7, Гичевска 4, Јанеска 3, Јанкуловска 3, Стојковска 3



Македонија не успеја да направи чекор напред и по два минимални порази, конечно да запише победа, иако многу предуслови беа исполнети. 
Десет лоши минути беа доволни да расипат се. 

Македонија од стартот на мечот бркаше негатива, но беше блиску до противникот, а кога играат два тима со слични квалитети, тогаш пресудуваат нијансите. 
Нијансите во овој случај беа три (од четири) промашени седмерци за 15 минути по кои Словенија водеше 8-5. Словенките своите грешки ги платија со две исклучувања по кои Македонија дојде до минус еден, дури имаше и напад за водство во финишот на полувремето, по што следеа два избрзани шута и казна, па место нерешено или водство на одмор се замина во 11-13, водство на противникот. 

Почетокот на вториот дел беше периодот што го оценивме како решавачките 10 минути. Од 11-13 стана 12-19. Ништо на напиот тим не му одеше, на Словенките им одеше се од рака и тука заврши приказната. 

Потоа разликата беше тука и таму намалена - зголемена, но гостите беа безбедни. 

Лош момент, се повреди Ангела Јанкуловска, без фаул во обид да запре противничка ракометарка го изврте коленото и тоа не изгледаше воопшто добро. Се надеваме дека нема сериозно оштетување. 

Рековме дека екипите се израмнети според квалитет, па за кам бек на Македонија и требаше или некакво вонсериско будење или црн период на противнокот. Не се случи ниту едното ниту другото и Словенија запиша победа. 
Подвлечено, Савевски не може да биде задоволен од денешното издание. Имаше некои добри моменти, главно во нападот, но одбраната за време на целата средба беше лесно пробојна. 
Наша констатација е дека во напад со комплетен фокус се подигна нивото и во Целје и во еден период во Скопје, а кога малку избега фокусот и колективноста почна да трпи, реалноста се промени во секунда и се изгледаше поинаку. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk