Со денешниот настап на ракометарите што останаа верни на Металург на натпревар од Прва лига, меѓу Металург РА и Кичево, Металург без кажан збор практично ја “објави“ одлуката клубот во иднина да се посвети на Металург РА, додека првиот клуб, неколкукратниот шампион и освојувач на Куп на Македонија но и голем должник ќе је чека својата последна одлука...
Очекуван или долгоочекуван епилог на реалноста во која живееше неколкукратниот шампион на Македонија е денешниот настап на Дупјачанец, Петковски, Велко Маркоски, заедно со тренерите Котевски и Бочкаровски во екипата на Металур РА.
Оваа прволигашка екипа ќе треба да се крене од „пепелта“ на првиот клуб и годинава во Плеј аут, но догодина во многу послаба конкуренција да е избори за враќање во најсилната лига.
По ова очекуваме и официјален епилог од РФМ за статусто на РК Металург, клубот што официјално се води како учесник во Супер лигата и како ќе биде надополнето нивното место во проширената Супер лига, шампионат што следната сезона ќе брои 16 екипи.