Мешков Брест на битолски радар

Санкциите за руските и белоруските клубови, како и неможноста Мотор да продолжи да се натпреварува во Лигата на шампионите отвораат дилеми, поставуваат прашања, а секако и можности за повеќето екипи. 



Во ек на склопување на екипи за следната сезона, ракометарите што играат во руските, белоруските и украинските екипи стануваат интересни на ракометниот пазар. 
Особено нивните странски засилувања и актуелните и тие што наскоро треба да стигнат. 

Неофицијално битолски Еурофарм Пелистер е заинтересиран за двајца нивни игрчи. Агустин Касадо и Лазар Кукиќ.  Двајцата се водат како централни бекови, иако можат, особено Касадо, да играат и на позиција лев бек на пример. Тие се уште не станале дел од Мешков Брест, требаше летово да дојдат во Белорусија, но сега тоа веројатно ќе се искомплицира. 
Касадо во моментот е ирач на Логроњо, а Кукиќ игра одлична сезона во екипата на Бенфика. 

Во моментов нема(ме) потврда дека се почнати или дали воопшто ќе има преговори. Во секој случај прво треба да се види нивниот статус, дали потпишаните договори можат да се поништат, дали има заинтересираност и се што оди рака под рака со трансфер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk