Женската репрезентација на Македонија утре во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ ќе го одигра четвртиот натпревар од ЕХФ Еуро Куп.
Женската сениорска репрезентација на Македонија имаше уште едно сосема солидно издание на гостувањето во Целје, во кое за несреќа бод беше загубен во последната секунда.
Минимално бевме поразени и на последниот дуел со Црна Гора, па сега би рекле со право дека очекуваме , на четвртиот меч да стигнеме барем до бод. Во последните две кола играме со Норвешка која е голем фаворит.
Влезот за натпреварот што во недела ќе се игра во Скопје е слободен. Ќе треба да се внимава на Ковид мерките, а салата максимално ќе биде 50 % исполнета.