Вујо и Подравка не се договорија

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ нема да преземе женски клуб. Барем не во овој период од неговата кариера. 



Информацијата што g-sport.mk прв ја објави, дека Веселин Вујовиќ е пред преземање на тренерската позиција на женскиот хрватски клуб Подравка, не е неточна. Веселин Вујовиќ и Подравка сериозно преговараа, но не се договорија. 
Веселин Вујовиќ ни потврди дека не нашле заеднички јазик. 

„Не се договоривме со Подравка. Не се договоривме околу траењето на договорот. Јас сакав тоа да биде до крајот на сезоната, тие сакаа подолг циклус од три години“, изјави Вујовиќ за нашиот портал и додаде дека има неколку опции за продолжување на кариерата и дека наскоро ќе одлучи каде. 

Што се однесува до Подравка, одновно од таа страна стигнуваат интересни најави. Имено, неофицијално, Подравка е заинтересирана на својата клупа да го види Жељко Бабиќ, тренерот на македонскиот Еурофарм Пелистер. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk