Познати составите за Македонија - Словенија

Женската сениорска репрезентација на Македонија, во шаренолик состав, без неколку повредени ракометарки, вечерва ќе се сретне со Словенија во рамки на третото коло на ЕХФ Еуро Куп, во Целје. 



Во периодот кога низ Европа се играат натпреварите од квалификациите за ЕП 2022, четирите репрезентации што имаат обезбедено директен пласман, а меѓу нив како коорганизатор на ЕП е и Македонија играа ЕХФ Еуро Куп. Турнир што нема резултатско значење, но системот е дизајниран за овие репрезентации во Недела на ЕХФ да имаат обврски. 
Македонија, Словенија, Црна Гора и Норвешка се четирите репрезентации што играат меѓусебе додека другите играат квалификации. 
Шанса да се подготват екипите за ЕП, да се тестираат силите, играчите и стратегиите пред настапот на шампионатот, последен што ќе се игра со 16 репрезентации. 

Македонија во рамките на 3 и 4 коло ќе игра против селекцијата на Словенија. Вечерва во Целје, на 6 март во Скопје. 
Љубомир Савевски за овие две средби нема да може да смета на неколку искусни ракометарки кои се кандидати за настап на ЕП, меѓу нив и еден искусен квартет на играчи како Елена Ѓогиевска, Марија Штериова, Зорица Десподовска, Савица Мркиќ ... 

Според најавите, тоа што Савевски сака на овој собир да го види и игра е побрза транзиција, играчи во два правца, побрзо темпо и по тој концепт е составен и тимот со кој ќе ги игра овие два дуела. 

И Драган Аџиќ, едно од најпознатите и најуспешните тренерски имиња во женскиот ракомет, на оваа средба ќе испробува, па што тактички што поради повреди во екипата нема да ги има Тјаша Станко, Барбара Лазовиќ и натурализираната Емилија Омореги на пример. Но, не остава ништо на случајност, па така од своите врвни играчи на терен ќе ја има Ана Грос, веројатно како гаранција дека работите нема да избегаат од контрола, со оглед на тоа дека Словенија е големиот фаворит на овој двомеч. 

Натпреварот ќе се игра во Целје, со почеток од 18:00 часот. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk