Со дуелот меѓу Вардар и Охрид што ќе се одигра денеска во Скопје, почнува Плеј оф шампионатот на Македонија.
Суперлигашкиот Плеј оф почнува денеска, а први на теренот ќе излезат ракометарите на Вардар и на Охрид. Средбата почнува во 17:00 часот ќе се игра во Скопје, а ќе можете да ја следите и со клик на линкот.
Според пласманот во регуларниот дел од првенството, Вардар го почнува Плеј оф шампионатот со пет бода на салдото, додека екипата на Охрид нема бодови.
Утре ќе се одигра мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Тиквеш, а во сабота ќе биде комплетирано првото коло со дуелот меѓу екипите на Е. Пелистер 2 и Бутел Скопје.
Паралелно стартува и Плеј аут првенството. Во сабота се играат натпреварите Струга - Скопје и Пролет - Радовиш. Засега не е објавено дали и Металург ќе го видиме на натпревар, треба да игра со Радовиш.