ЕХФ воведе санкции кон Русија и Белорусија

Европската ракометна федерација денеска објави дека се суспендирани сите клубови и службени лица од Русија и Белорусија. 



ЕХФ денеска објави дека сите руски и белоруски клубови и репрезентации се суспендирани до следната одлука. 
Вардар нема да игра со Мешков Брест, нема белорускиот тим да одигра и било што до следната одлука, ниту пак руско-белоруските екипи, што можеби значи и службено добивање на натпреварите и официјална промоција на Вардар во елиминациите од Лигата на шампионите. 

Но, ЕХФ не обајсни дали натпреварите на Мешков Брест ќе бидат избришани или пак ќе бидат доделени службени победи за Вардар и Кил, а тоа може различно да влијае на табелата.

Настрана се, ова значи дека се суспендирани и 1/4 финалистот на женската ЛШ, Ростов Дон и 1/8 финалистот ЦСКА Москва во „Дело“ Лигата на шампионите.
„Дело“ е инаку руска компанија во дејноста транспорт и главен спонзор на ЛШ и сметаме дека приказната ќе има лош крај за сите. Затоа што, неизбежно, кога на масата ќе стигне сметката, некој ќе мора да ја плати.  

Во целата оваа хаотична ситуација, не може, а да не се запрашаме што ќе биде со СЕХА Газпром? Оваа  меѓународна лига која за волја на вистината не е дел од официјалниот систем на ЕХФ, живее на начинот на кој што живее најмногу благодарение од (бело)рускиот спонзор Газпром.
Нејзината предност е што не мора да се игра во овие околност и може мирно да молчи чека, ништо да не презема и да не носи какви и да е одлуки во скоро време, но, на крајот на денот, нешто ќе мора да се случи. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk