На позајмица оди уште еден играч на Металург

Андреј Митиќ, пикерот на екипата на Металург заминува на позјамица во редовите на Скопје 2020 до крајот на сезоната. 



Металург ослободи краткорочно уште еден свој играч од актуелниот состав. Пикерот Андреј Митиќ ќе го засили тимот на Скопје 2020 до крајот на сезоната. 
Митиќ е четвртиот ракометар на Металург што заминува од клубот годинава. Претходно Милан Лазаревски замина за Словенија, Костадин Петров се пресели во Вардар, Халил Озтурк доби зелено светло да оди во екипата на Охрид, а сега и Андреј Митиќ во Скопје. 

Следните неколку дена ќе бидат клучни за иднината на РК Металург. Клубот е под суспензија од ЕХФ, службено ги загуби натпреварите од регуларниот дел на домашниот шампионат и сега се очекува финалната разврска во пресрет на стартот на Плеј аут шампионатот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk