Е. Пелистер пак ослабен, без Табоада...

Трет натпревар и трет пат во продолжението на Европската лига битолчани со десеткуван состав ќе настапат во Европската лига. 



И на својот трет настап во продолжението на Европската лига, Жељко Бабиќ ќе биде со десеткуван состав и ќе мора да бара поинакви решенија од тие што реални ги има во својот состав. 

Рение Табоада, кубанскиот интернационалец кој се наметна како главен играч и се повеќе добиваше шанса во тимот, не е со Е. Пелистер во Унгарија. Нема да биде ниту македонскиот репрезентативец Мартин Велковски, а оваа средба ќе ја пропушти и српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ. Ова трио остана во Македонија. 
Триото Матео Мараш, Гоце Ојлески и Јосип Божиќ - Павлетиќ се вратија во строј и ќе бидат дел од битолскиот тим на дуелот што ќе се игра во Татабања. 

Ќе биде интересен овој меч и со посебен набој. Четири ракометари на Е. Пелистер (Обрадовиќ, Секели, Мараш и Периќ) следната сезона ќе играат за Татабања, а клубот од Унгарија овие трансфери би требало да ги потврди откако ќе биде одигран мечот со Пелистер. 
Но, веќе е јавна тајна, а домашните ракометари сигурно со посебен мотив ќе ги дочекаат своите идни соиграчи, особено тие што ќе си одат од клубот. 
Тоа ќе му го даде на мечот посебниот набој, резултатски Татабања е отпишана и не може да се пласира во елиминациите. На Еурофарм Пелистер, пак, овој меч му е многу битен за продолжување на трката за првото место и полесен противник во елиминациите што следат.  

Натпреварот се игра утре со почеток од 18:45 часот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk