Селекторот на женската ракометна репрезентација, Љубомир Савевски, за претстојните два натпревари со Словенија во рамките на ЕХФ Еуро Куп нема да смета на две ракометарки од повиканите.
Искусниот репрезентатиев бек Марија Штериова се приклучи на списокот на повредени ракометарки кои ќе ги пропуштат дуелите со Словенија, а поради болест во тимот нема да биде ниту голманот Марија Јовановска.
Дополнително е повикана Матеа Чурлиновска која го брани голот на прилепска Десипина.
Што од тактички причини, нешто повеќе поради проблеми со повреди, Македонија со прилично изменет состав ќе го продолжи натпреварувањето на ЕХФ Еуро Куп, турниро што ЕХФ го формираше за репрезентациите што се директно пласирани на ЕП да го играат во време кога низ Европа се играат квалификациите за ЕП.
Репрезентацијата на Македонија која во улога на ко-домаќин по пауза од десет години ќе настапи на големо натпреварување, во среда заминува за Словенија, а на трети март во Целје ќе го одигра првиот од двата закажани натпревари. Возвратниот дуел е закажан на 6 март во Скопје.