Куп на Македонија: Ждрепка за групна фаза

Ракометната федерација на Македонија утре на пладне ќе ја изврши ждрепката за групната фаза од Куп на Македонија. 



Вкупно 16 екипи, меѓу кои е и Металург ќе бидат поделени во четири групи од кои победниците ќе се пласираат на завршниот Фајнал фор турнир. 
Распоредувањето на екипите во четири групи на носители (шешири) се врши според нивниот пласман во тековниот шампионат. Според тоа, најдобрите четири од Супер лигата ќе го формираат првиот шешир и ќе се избегнат меѓусебе во оваа рунда, а патем ќе добијат и полесен противник во групата, односно екипа од четвртиот шешир. 

Во моментов, според резултатите и пласманот распоредот на екипите во ждрепката ќе биде следниов: 

1. ШЕШИР: 
Вардар 1961, Е. Пелистер, Е. Пелистер 2, Бутел Скопје
2. ШЕШИР:
Тиквеш, Охрид, Т. Пролет, Струга
3. ШЕШИР:
Прилеп, Металург*, Алкалоид, Скопје
4. ШЕШИР: 
Голден Арт, Јуниор КВ, Драчево, Аеродром

Натпреварите од оваа фаза на Куп на Македонија, ќе се играат на 12/13 март. Противниците ќе бидат поделени според Бергеров систем, односно ќе се сретнат екипи од 1 против 4 шешир и 2 против 3.
Домаќините на групите ќе бидат дополнително познати. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk