Охриѓани веднаш најдоа замена за Стефан Додиќ, доаѓа интеренационалец што играше за Металург.
Заминувањето на Стефан Додиќ од Охрид во Вардар ќе биде покрено со ангажман на ракометар што во есенскиот дел од сезоната играше за екипата на Металург.
Претседателот на Металург, Зорица Блажевска, одлучи да му даде исписница и да го ослободи од обврските турскиот интернационалец Халил Озтурк и тој ќе биде замената за Додиќ во охридскиот тим.
Турскиот бек по кракткиот период на прилагодување почна да влегува во добар форма и да пружа се подобри партии до моментот кога изби кризата и се претпоставуваше дека тој ќе се врати назад во Турција.
Но, нема да биде Турција туку охридското крајбрежје следна дестинацијата на плејмејкерот на „сино-белите“.
Охрид се пласираше во Плеј оф групата, но таму ќе стартува без бодови. Шанси да излезе во Европа, има, конкуренцијата има само мала предност во моментов.