Нант не сака да игра со Ч. Медведи, ЕХФ одобри

Францускиот клуб Нант, го информираше ЕХФ дека не сака да го пречека на домашен терен тимот на Чеховски медведи поради нападот на Русија врз Украина. 



Францускиот клуб за кого настапува и македонскиот капитен/селектор Кирил Лазаров побара, а ЕХФ одобри. Во бранот на бојкотирање на се што е руско низ Европа, особено видливо низ спортските настани, нема да се одигра и оваа средба.
ЕХФ одобри неиграње, односно објави дека овој натпревар е одложен на неодредено време. Каледарот, пак,  е неумолив и наскоро ќе треба да се донесе и официјална одлука. Руските клубови (засега) не се суспендирани и се спремни да играат и на неутрален терен, но дали тоа ќе ги задоволи желбите на другите екипи е прашање. 

Мотор Запорожје информаше дека нема да биде во можност наскоро да ги одигра закажаните натпревари. Од тоа што можевме да го прочитаме како изјава од нивните ракометари, Мотор нема да биде во можност да игра не сакоро, туку уште многу долго, а и нивниот статус ЕХФ ќе мора да го реши наскоро, затоа што се ближат и елиминациите во Лигата на шампионите. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk