Алкалоид го преживеа Куманово

Екипата на Алкалоид успешно мина низ опасниот терен во Куманово во пресрет на големото прволигашко дерби со Голден Арт што е на распоредот во следното коло. 



МРК Куманово има сосема солидна екиа која може, особено на домашен терен да ги расипе плановите на кој било прволигаш во битката за местата што следната сезона водат во повискиот ранг на натпреварување. 
Тоа го покажаа и денеска на дуелот со лидерот на табелата, екипата на Алкалоид. 
Домашните отворија со серија од 4-1 и беа во водство во добар дел од првото полувреме, но не можеа да го издржат ритамот што го наметна скопскиот противник. Со серија од 5-0 во финишот на првиот дел, Алкалоид премина во водство, 15-11 забележано на полувремето, а во вториот дел со нова серија од 6-2 и водство од 21-13 ги расчисти сите дилеми околу победникот. 

Алкалоид има серија од 15 победи и еден нерешен меч досега, а во следните две кола игра два дерби меча, со Голден Арт на гости и потоа со Јуниор Кисела Вода на свој терен. Овие три екипи, заедно со Куманово и Аеродром ќе се преселат и во Плеј оф групата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk