Супер лига: Како изгледаат Плеј оф и Плеј аут табелите

Денешното првенствено коло го дефинираше изгледот на табелите во Плеј оф и Плеј аут лигата. Најголем добитник денеска е Еурофарм Пелистер 2. 



Еурофарм Пелистер го совлада Охрид како гостин (28-25), а во нивна полза одигра и екипата на Т. Пролет, нерешено со Бутел Скопје (25-25), по што битолчани избија на третото место на табелата и пренесуваат три бода во Плеј оф. 
Тиквеш, пак, искористи пораз на Охрид и се проби пред нив на табелата, па охриѓани во Плеј оф одат со нула. 

Во Плеј аут, Пролет убедливо на првото место, следен од Струга и Прилеп, Металург, а со службените бодови освоени денеска Скопје му го предаде фенерот на Радовиш. 

Табелите во Плеј оф и Плеј аут, пак, изгледаат вака:

Супер лига Плеј оф
Вардар (5 бода), Е. Пелистер (4), Е. Пелистер 2 (3), Бутел Скопје (2), Тиквеш (1), Охрид ( 0 бодови)

Супер лига Плеј аут
Т. Пролет (5 бода), Струга (4), Прилеп (3), Металург (2), Скопје (1), Радовиш (0 бодови)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk