Вардар купи пикер од Металург

За да ја засили македонската формација во екипата, Вардар ангажираше пикер од Металург. 



Костадин Петров, ракометарот со репрезентативно педигра што настапува за Металург, во продолжението на сезоната ќе ги брани боите на Вардар. 
Петров по престојот во Шпанија и Романија, есеноска се врати во Македонија, во Металург, ама таму работите не излегоа според планот. 
Вардар, пак, прави посилна македонска постава потребна за домашниот шампионат. Петров е проверено име, квалитетен ракометар што ќе си го најде местото во домашниот шампионат. 

Од друга страна, Металург оди по една патека за која во моментов не би сакале да зборуваме... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk