Нов договор за Писонеро

Давид Писонеро, поранешниот тренер на Вардар и споменуван своевремено и како тренер што би можел да се врати во Скопје, потпиша нов договор во Шпанија. 



Давид Писонеро, поранешниот тренер на Вардар останува во клубот во кој ја почна својата ракометна кариера уште четири години.
Писонеро и во наредниот период ќе го води Ваљадолид. Некогаш сосема респектабилен и опасен во европските купови клуб, денеска како и 90 % од шпанските клубови живее во поинаква и посиромашна реалност, а рефлексија на тоа се и резултатите. 

Но, Писонер во Вањадолид е дома и новиот четиригодишен дил не е ништо ново. Тој во својата 20 годишна кариера, само четири години не бил во Ваљадолид. Од 1995 до 1998 кога играше за Кантабрија и Адемар Леон и во 2019 кога беше тренер на Вардар. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk