Руски клуб остана без познатиот тренер и четири играчи

Екипата на Донски Козаци, руски клуб од градот Таганрог, остана без славниот тренер и четири играчи. Заминувањата се поврзани со политичката ситуација. 



Сергеј Бебешко, славниот украински играч и сега тренер и четворица белоруски ракометари, Алексеј Шинкел, Димитри Дачук, Максим Дроздов и Максим Несвадба во „пакет“ заминаа од рускиот клуб Донски Козаци. 
Нема официјална потврда, но рускиот портал „Брз центар“ вели дека тоа е поврзано со политичката ситуација. 

Донски Козаци е екипа од рускиот град Таганрог, град на само 100 километри од Мариупол во источна Украина, еден од првите градови што беа нападнати од руската војска. 

 

Поврзани вести