ЕХФ стравува за своите (руски) спонзори

Европската ракометна федерација, како follow up, односно следење, продолжение на извстувањата околу одложувањата на натпреварите што инволвираат руски и украински екипи, објави и соопштение што можеме да го сфатиме и како загриженост, но и како најава за промена на ставовите и договорите со руските спонзори.



ЕХФ објави соопштение во кое вели дека би сакале спортот да го држат надвор од политиката и политичките случувања, но дека истовремено спортот (ракометот) е зависен од политиката и одлуките што ги носат властите, односно, одговорните на повисоко ниво. 

Ова беше вовед за да кажат дека ЕХФ има спонзорски договор со “Северен Тек 2“ потпишан во 2018 година. Северен Тек 2 е спонзор на машката Лига на шампиони, а тоа е соработка што сега ќе биде зависна од одлуките што ќе бидат донесени наскоро. ЕХФ се надева на позитивно решение. 
Не беа спомнати односите со другиот голем спонзор, „Дело“, руска компанија за транспорт која редовно е спонзор (главен) на женската Лига на шампиони. 

Ако санкциите што се најавени кон Русија значат дека овие соработки ќе мора да престанат, тогаш, ракометот, спорт во кој и така не се „вртат“ големи суми како во други спортови можеби ќе треба да се спреми да истрпи посериозни последици. 

Друг шампионат во кој би можело да дојде до судир на интереси е и меѓународната СЕХА Газпром, каде што игра и екипа од Украина. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk