Кристијан Берге творецот на сегашниот тим на Норвешка, нема веќе да биде селектор, иако има валиден договор до 2025.
Кристијан Берге нема да го доработи договорот со Норвешка со која неколкупат беше блиску до врвот на ЕП и СП, но никогаш не го освои.
Генерацијата од која се очекува(ше) кога-тогаш да блесне, се чини го достигна максимумот. Во меѓувреме за Берге стигна понуда од Колстад, екипа што формира домашен дрим тим и ги купува најдобрите норвешки ракометари вклучително Сандер Сагосен, Магнус Род...
Норвешката федерација му постави рок-ултиматум да се изјасни, а денеска е познат и одговорот. Кристијан Берге заминува, a веќе се споменуваат три познати имиња за негов наследник.
Сите тројца се познати екс репрезентативци - Кристијан Кјелинг од Драмен и дуото Борге Лунд и Михаел Апелгрин од шведскиот Савехоф.