Кадетите ќе вкрстат со силни ривали

Kaдетската репрезентација на Македонија (М18) летово во Летонија ќе игра на ЕХФ Шампионат од каде се обезбедува пласман на ЕХФ Еуро. 
Денеска беше ждрепката, ќе одиме по поризичниот пат. 



Македонија е во групата со Летонија, Турција и Косово и на прв поглед ова би требало да биде полесната група, но во принцип не е . 
На овие турнири се играат полуфинални натпревари, што значи дека Македонија ќе вкрсти со посилните екипи не во групна фаза, туку во елиминации. За пласман во полуфинале, не би требало да имаме посериозен проблем.
Во групата со која вкрстуваме фаворити се Русија и Швајцарија, па за пласман на посакуваното прво место, на меч без право на грешка ќе се сретнеме и со двата тима. 
Турнирот ќе се игра од 8-14 август во Рига.



Јуниорската репрезентација (М20) на ЕХФ Шампионат ќе патува во Бугарија. Само таму имаше заинтересираност за овие турнири, па затоа и двата ќе се играат во Варна, во различни термини. Пет натпревари во групната фаза ќе играат М20 ракометарите 
Турнирот ќе се игра од 14-23 јули во Варна.

Поврзани вести