Пешевски си оди од Штутгарт!

Македонскиот репрезентативен пивот Жарко Пешевски ја игра својата последна сезона во дресот на германскиот тим Штутгарт. 



Жарко Пешевски ракометар кој е еден од симболите на македонските пикери насекаде низ ракометниот свет, препознатлив по својата сила и корпулентност ја игра својата последна сезона во дресот на бундеслигашот Штутгарт. 
Извесно време траеја преговорите меѓу Пешевски и бундеслигашот, за на крај да биде донесена одлука за разделба по истекот на договорот, а тоа ќе се случи на крајот на сезонава. Пешевски одигра одлично во дресот на овој тим каде е д 2019 година, претходно настапуваше за Мотор Запорожје каде дојде од македонскиот Металург. 

Пешевски ќе се појави на трансфер листата и веруваме дека брзо ќе најде нова квалитетна средина, односно дека од клубот што се дави во Бундес лигата и се бори за опстанок ќе оди нагоре. Квалитет секако има, се надеваме дека брзо ќе го реши ова многу важно прашање. 



Ова е расплет што за тие што следат подетално што се случува во ракометниот свет беше веројатно за очекување. Пред извесно време, Штутгарт се договори со не толку познатиот шведски ракометар Оскар Бергендал од ГОГ како пополнување на позицијата од каде што замина Бен Мешке. Но, Бергендал блесна на ЕП 2022, беше клучен во победите на новиот европски шампион Шведска на натпревари што ја одлучуваа нивната судбина и неговиот рејтинг вртоглаво се зголеми. 
По ова ангажираа и млад играч од треттата лига, но статусот на Пешевски и натаму беше отворен. Се до вечерва, сега е официјално дека Македонецот заминува од овој клуб. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk