Вардар со Додиќ, но без Гаџа против ППД Загреб

Стефан Додиќ ќе дебитира за Вардар директно на меч од Лигата на шампионите. Во составот, пак, ги нема Гаџа и Карапалески. 



Вардар денеска ќе се сретне со стариот познаник и голем должник од поново време, особено од последната сезона на СЕХА. Во директна битка за место во елиминациите од Лигата на шампионите, Ивица Обрван денеска во Скопје вo некомплетен (без Равниќ, Мандиќ, Срна, Граховац) состав ќе се сретне со македонскиот шампион. 

Анте Гаџа и Мартин Карапалески не се во ростерот на Вардар за денешната средба, а ќе дебитира новото засилување на централната бековска позиција - Стефан Додиќ. 

Натпреварот почнува во 20:45 часот, а ќе го суди чешката судиска двојка - Хорачек и Новотни.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk