Уште една, многу важна победа за Е. Пелистер

E. ПЕЛИСТЕР - КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН   27-26 (15-12)
Е. Пелистер: Секели ( 4 одб), Кизиќ (4 одб), Периќ 7, Табоада 5, Мандалиниќ 5, Радовиќ 4, Маркоски 2, Костески 2, Маџовски 1, Граџан 1, Мараш, Божиќ - Павлетиќ, Кукуловски, Танкоски, Куковски, Ојлески



Еурофарм Пелистер запиша нова многу важна победа во Европската лига, овој пат над директниот ривал за второто место во групата, Кадетен. 
Со овој триумф битолчаните имаат и подобар меѓусебен скор во случај на крајот да имаат ист број на освоени бодови. 

Израмнето беше во првиот дел, битолчани без Велковски, но и без Мараш кој беше во ростер, но на терен Мирко Радовиќ и десноракиот Кубанец Табоада играа на позиција десен бек. 
Средбата немаше особен ритам, се играше главно на поставени одбрани, а во таа игра во првите 10-тина минути подобар беше гостинот предводен од голманот Пилиповиќ и бекот Шелкер. Тие први и дојдоа до водство од два гола (6-4), но тоа не траеше долго. Поточно не траеше воопшто, еднаш штом стигна до миунс два, Пелистер почна подобро да функционира во одбраната, Секели се појави на сцена, а следното водство од плус два (9-7) беше за битолчани.

Е. Пелистер додека леворакиот Радовиќ кој се врати на дешениот меч по не многу кратка пазуза, ја покриваше десна, Еурофарм имаше контрола. На полувреме плус три (15-12). Одбраната стануваше покомпактна, но никако не можеше да „истрча“ повеќе од два чекора пред противникот. 

Првиот напад во вториот дел беше шанса за домашниот тим да стигне до плус четири, но место најголемо водство видовме вовед во најлошиот дел од играта на Е. Пелистер, а тоа гостите го искористија за по нецели 10 минути да стигнат до израмнување (17-17). 

Тука беше „крената рачната“ и во неколку напади на двата тима во слендите минути не видовме гол. Потоа на крилјата на одличната публика, прв се крена Пелистер, а Мандалиниќ со два гола по ред донесе 19-17. 
Битолчани одново ја преземаа контролата, иако Кадетен беше потенцијално близок, особено што Пилиповиќ им бранеше во добра форма. 
Битолчани стигнаа до плус 4 во 52 минута (23-19) и потоа ја одржуваа оваа разлика, плус три - плус четири се до четири минути до крајот кога Кадетен намали од 22-26 намали на 24-26. 

Мандалиниќ од пенал имаше можност да ги смири страстите, но промаши, а иако топката остана во посед на домашниот тим, Шпанецот Игнасион Биоска кој влезе колку да одбрани пенал собра три интервенции. 
За среќа, Швајцарците погрешија во следниот напад, времето течеше и имаа минута и пол и два плус битолчани за да стигнат до посакуваната победа.

Кадетен освои топка и намали на 25-26, а во следниот последен и најкритичен напад Јосип Периќ најдобриот играч на натпреварот, со гол за 27-25 ја запечати судбината на гостите. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk