Натпреварите од Супер лигата што Металург не ги одигра поради суспензијата од ЕХФ се службено регистрирани. Клубот не е исфрлен од натпреварувањето, неговата суспензија не е од РФМ туку е од ЕХФ ќе продолжи да се натпреварува во моментот кога ЕХФ ќе му ја симне суспензијата.
Неодиграните натпревари на Металург во домашното првенство, поради суспензијата од страна на ЕХФ се регистрирани со службен резултат 10-0, а на Металург му се одзема еден бод за секој неодигран натпревар.
Секој следен натпревар што нема да го одигра, исто така ќе биде регистриран со службен резултат 10-0 и минус бод.
Суспензијата на Металург не е од РФМ, туку е од ЕХФ и таа е ќе биде автоматски симната кога клубот ќе се раздолжи со нив. Најавите се дека тоа ќе биде за многу кратко време и дека можеби веќе во следното коло, екипата ќе биде на терен.
Засега, резултатите во мечевите против Вардар, Радовиш, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел се регистрирани со победа на противниците на тимот од Автокоманда со 10-0. Во последното коло, Скопје е противникот, ако не се одигра и таа средба ќе биде регистрирана со 10-0.