Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра многу важниот меч со Кадетен Шафхузен во рамки на осмото коло од Европската лига. Тоа е директен дуел за второ место, иако за битолчани има и два поправни.
Еурофарм Пелистер и Кадетен Шафхаузен се борат за второто место во групата во Европската лига, а нивната меѓусебна средба е денеска, во Битола.
Подемот на битолчани почна во Шафхаузен, кога се врати во живот по практично загубен меч. Сега исто така преку Швајцарците би можел да си темпира противник за првото коло од елиминациите.
Но, се соочуваат и за овој меч со проблем битолчани. Денеска нема да можат да сметаат на двајца ракометари, а уште двајца се на списокот на рехабилитанти за кои до последно не се знаеше дали ќе бидат во тим, но за среќа се во екипата. Ситуацијата е подобра отколку пред дуелот со Ним кога не можеа да сметаат и на Мараш и на Периќ, но и вака не е сјајна состојбата.
Немања Обрадовиќ денеска нема да игра, а Милорад Кукоски иако беше неизвесен до последен момент е во составот. Тоа се двајца изразити дефанзивни играчи, па Никола Маркоски ќе командува со дефанзивата и ќе се обиде заедно со Кукоски да бидат што попродуктивни.
Крилото Јосип Божиќ Павлетиќ е во иста ситуација како и Милорад Кукоски. И тој до последен момент беше неизвесен, но сега е во составот.
Мартин Велковски се аут за овој дуел и целиот товар на позиција десен бек ќе треба да ја преземе Матео Мараш. На крилната позиција поголема одговорност ќе треба да преземе Ненад Костески. И на двајцата поддршка ќе треба да биде Мирко Радовиќ кој се враќа по подолго време без настап.
Натпреварот почнува во 18:45, се игра во битолската сала „Боро Чурлевски“.