Романија загуби голман, доби тренер, за наша среќа

Македонија и Романија, на 17 и на 19 март ќе одиграат два бараж натпревари за пласман во финалната рунда на елиминации односно квалификации за ЕП 2023. 
Романците имаат уште една голема промена во репрезентацијата. 



Традиционално, најголемите непријатели на македонската машка репрезентација на натпреварите се противничките голмани. Можеме долг список на имиња да наведеме што е „прославиле“ на такви дуели, а Романија со која ќе играме два баража во март не е исклучок. 

Михаи Попеску (37) голманот на францускиот Санкт Рафаел е името кое не сакавме да го видиме на спискот на Чави Пасквал за мартовските двобои. Речиси секогаш овој човек беше голем проблем и потенцијал да го сврти натпреварот во за нас непосакуван правец.
Желбата ни е исполнета, делумно. Попеску ќе биде на списокот, но нема да биде на теренот. 

„Време е да се пензионирам од националниот тим. Нема повеќе да играм, но сакам проштален натпревар. На клупска сцена, планирам да играм уште две-три сезони“, изјави Попеску во интервју за романскиот спортски весник „Газета Спортилур“. 

Повод за интервјуто не беше неговото пензионирање од репреентацијата, туку неговата нов улога во националниот тим. На покана на старо-новиот селектор Хавиер Пасквал, Попеску ќе биде тренер на голманите. 

„Со задоволство ја прифатив оваа нова улога. Мојата задача ќе биде да ги загревам играчите пред натпревар, да работам со голманите и заедно со Пасквал да подготвуваме анализи  на натпреварите“, изјави Попеску. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk