Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го соопшти списокот на ракометарки повикани за двата натпревари што Македонија ќе ги игра во ЕХФ Еуро Куп против репрезентацијата на Словенија.
Македонија како домаќин на следното ЕП, во периодот кога се играат квалификациите за ЕП, ќе игра на ЕХФ Еуро Куп, натпреварување на кое настапуваат веќе пласираните репрезентации.
Македонија во второто и третото коло игра гости - дома со националниот тим на Словенија. Првиот меч ќе се игра на 3 март во Целје, а вториот на 6 март во Скопје.
Во ова натпреварување, учесници се и репрезентациите на Црна Гора и Норвешка.