Ристовска против ЧСМ за 1/4 финале во ЛШ

Со вчерашното последно коло од групната фаза беа комплетирани и паровите во елиминациите во женската Лига на шампиони.  Сара Ристовска, крилото на ЦСКА Москва е единствената македонска претставничка во елитното натпреварување. 



ЦСКА Москва каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, во елиминациите  од Лигата на шампионите ќе се сретне со екипата на ЧСМ Букурешт. Романскиот гигант од моментот кога стана европски шампион и стигнаа кај нив големите пари, не може глава да крене од слаби партии и секакви влијанија, па дури не може да стане ниту шампион на Романија. 
Победникот од овој дуел во 1/4 финалето ќе игра против данската екипа Есбјерг, годинава еден од најсериозните кандидати за пехарот. 

ПАРОВИ ВО ПЛЕЈ ОФ ЕЛИМИНАЦИИТЕ НА ЛШ
ЧСМ БУКУРЕШТ - ЦСКА МОСКВА  (победникот ќе игра против Есбјерг во 1/4 финалето)
ОДЕНЗЕ - БРЕСТ (победникот ќе игра против Ѓер во 1/4 финалето)
КРИМ - ФТЦ БУДИМПЕШТА (победникот ќе игра против Кристијансанд во 1/4 финалето)
БОРУСИЈА - МЕЦ (победникот ќе игра против Ростов во 1/4 финалето)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk