Трансферот на Стефан
Додиќ од Охрид во Вардар што g-sport.mk одамна го најави, денеска треба да биде реализиран.
Стефан Додиќ, новото засилување на полскиот шампион Келце, пред да замине за Полска ќе одигра најмалку една полусезона во редовите на Вардар.
Трансферот на младиот српски ракометар го најавивме одамна, но дури денеска ќе биде реализиран. Домашниот шампионат, односно битката на Охрид за пласман во Плеј од првенството беше причината поради која Додиќ остана во Охрид малку подолго отколку што се очекуваше.
Информациајата се уште е неофицијална, очекуваме потврда или како понекогаш знае да биде и демант, во текот на денот.
Вардар има проблеми на центарската позиција каде што Анте Гаџа, хрватскиот плејмејкер е првата опција. Тој е повреден, а Карапалески и Крстевски беа дуото што во Монпеље стигна до бодови, но не и во Нашице.
Вардар во среда игра меч од Лигата на шампионите, можеби најважниот досега, со екипата на ППД Загреб дома.
Стефан Додиќ кариерата ја почна во Металург од најмладите категории, патувајќи со својот брат Лазар, секој ден од Врање на тренинг во Автокоманда. Трудот на крајот се исплатеше, Српските селектори исплашени да не добие македонско државјанство веднаш го приклучија кон нивниот национален тим, ЕХФ во тимот на големи таленти и тоа привлече голема риба. Келце, екипа што купува играчи со потенцијал, па ги позајмува на други клубови за калење, потпиша со Додиќ, но веднаш ќе биде позјамен, најверојатно во Горњик.
Најавата за трансфер во Вардар стигна преку полските медиуми и до нивниот претседател, Бертус Сервас, но тој изјави дека не преговара (во моментот) со Вардар за позајмица туку со друг клуб.
Потврдено: РК Вардар денеска потврди дека Стефан Додиќ е нивни играч до крајот на сезоната.