Нема евро ракомет во Украина

Европската ракометна федерација објави дека ќе го разгледува поединечно секој случај и ќе носи одлуки соодветно на развојот на ситуацијата во Украина. 



Поради опасноста од војна меѓу Украина и Русија, дуелот Мотор - ПСЖ е одложен и веројатно ќе се игра на неутрален терен, но тоа не е единствениот пар што треба во рамки на европски натпревари да се игра во Украина. 
Одложен е и натпреварот во женска конкуренција меѓу Галичанка Лвов и Х71 од Финска, а интересно во оваа приказна е што прв пат е одложен натпревар што треба да се игра во Русија, меѓу Краснодар и Драмен од Норвешка. Не е наведено од кои причини е одложен овој натпревар, иако е објавен во соопштение на ЕХФ заедно со одложувањата во Украина.
ЕХФ објави дека сите натпревари што треба да ги играат украинските екипи ќе бидат поединечно разгледувани и ќе се носи одлука согласно ситуацијата на терен.  

Мотор Запорожје е член и на СЕХА лигата и двата негови дуели со Војводина беа одложени, но поради Ковид. Не би се обложиле дека во Запорожје или каде било на територијата на Украина би патувал Вардар кому гостувањето во Запорожје му е закажано на 2 април. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk