Втора пролетна 50-ка на Алкалоид

Алкалоид ја продолжи доминацијата во групата во прволигашниот шампионат на натпреварот со штипски Тектилец денеска во „Борис Трајковски“. 
Откако во првото коло постигна 50 гола на мечот со Кичево, денеска исто така 50 шутеви завршија во мрежата на немоќните штипјани. Уште во раната фаза Алкалоид стигна до комотна предност (6-2), а на полувреме беше 23-12, а во вториот дел како минуваше времето така гостите ја губеа силата и за конечно семафорот да запре на 50-22. 
Тодески и Стојков постигнаа по осум гола, Стојковиќ, Кофилоски и Димовски по пет. 
Во тимот на Текстилец, Васе Петров постигнна неверојатни 17 гола од кои 10 од игра, другите од пенал. 

Вчера 50+ запиша и екипата на Голден Арт на дуелот со Кичево. (55-23) како најава за дербито со Алкалоид што по две кола ќе се игра на теренот на Голден Арт. 

Денеска се игра дерби во групата „А“. Се среќаваат Младост кој е на третото место и Драчево кој е второпласиран во моментов со три бода пред богданчани. Иако Супер лигата се проширува, сепак, нема да има место за сите сериозни кандидати, па оваа средба ќе биде многу важна за двата тима, затоа што бодовите се пренесуваат во Плеј оф шампионатот. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk