Вардар го совлада Монпеље, но и ППД Загреб славеше над Сегед, а Елверум само мининално загуби од Кил. Следува разврската
Вардар ниту математички не може да стигне до четвртото место во групата во Лигата на шампионите, но во моментов амбицијата е воопшто да се мине оваа фаза и да се дојде до елиминациите во кои извесно противник ќе биде еден од следнивте три тима - Барса, Веспрем или ПСЖ.
Во моментов не може да се „бира“, па затоа и не е толку важно дали групата ќе ја заврши на шестото или петтото место. Битно е да ја заврши на шестото или петтото место. Во моментов е седми.
Иако е во подобра позиција од ривалите, односно има полесни противници од ривалите Елверум и ППД Загреб (тие ќе играат со Кил, Алборг, Сегед и Вардар во последните три кола), сепак, следниот меч е веројатно најважниот.
Во Скопје во следното коло (23 февруари) доаѓа ППД Загреб. Хрватскиот тим има бод предност пред Вардар и за нив е клучно од Скопје да заминат со бодови. Ова ќе биде шанса за Вардар да им се реваншира за неправдата во СЕХА шампионатот, да ги мине на табелата и потоа против Мешков или Елверум да запечати пласман во елиминациите.
Погледнете го распоредот на трите ривали за двете места во елиминациите:
ВАРДАР: ППД Загреб (д), Мешков Брест (г), Елверум (д)
ППД ЗАГРЕБ: Вардар (г), Кил (д), Алборг (г)
ЕЛВЕРУМ: Алборг (г), Сегед (д), Вардар (г)
Табела: ... 4. Сегед (14), 5. Елверум (8), 6. ППД Загреб (8), 7. Вардар (7). 8. Мешков Брест (4)