Вардар со втора нула против Нексе

НЕКСЕ - ВАРДАР  28-25 (15-12)
Вардар: Томовски (8 одб), Гогов (2 одб), Стоилов 1, О. Њокас 4, Валчак 3, Моралес 7, Георгиевски 2, К. Њокас 2, Карапалески, Диало, Чувара 2, Тото 2, Талески 1, Дибиров, Крстевски 1, Ѓукиќ



Вардар по втор пат е поразен од Нексе во СЕХА шампионатот во краток временски период. По скопскиот пораз пред две недели, вечерва е поразен и во Нашице (25-28). Со очигледни калкулации во составот, без Дибиров, Диало и со ротации во кои поголема минутажа доби на браќата Њокас, потоа на Крстевски, Гогов на голот.. Вардар одигра под очекувањата, не врза ритам на мечот и победата на хрватскиот тим е заслужена. 

Првото полувреме Вардар воопшто не личеше на Вардар кој го гледавме со Монпеље. Нексе имаше спремно против игра, Вардар грешеше, Нексе казнуваше и по 15 минути игра хрватскиот тим имаше водство од 10-4. Потоа оваа предност ја одржуваше и во следните минути и во 20 минута беше 13-7. 
Во последните 10 минути од првото полувреме Вардар се стабилизираше и успеа да анулира три гола од негативата и на одмор се замина со водство на домашниот тим од 15-12. 

Во вториот дел, Нексе контролираше резултат и разлика од 3-4 гола во првите 15 минути. Нивни најдобар играч беше голманот Кузмановиќ, но ниту Томовски на спротивната страна не беше ништо полош. Влезе Нексе во ритамот на Вардар, се збиваше пред зоната на црвено-црните противнокот и сето тоа доведе до мини серија на Вардар и намалено водство до само еден гол разлика (20-19) и тренерот на Нексе, Бранко Тамше беше принуден да побара тајм аут. 

По ова, живнаа Хрватите. Јагањац и Мелиќ со поддршка од голманот Кузмановиќ вратија на плус три (23-20, 24-21). Мартин Томовски одбрани важен напад при водство на Нексе од 25-23 во 55 минута по што од Моралес намали на 24-25. 
Сегмент во играта на кој Вадар паѓаше цел натпревар е брзиот центар на Нексе. Северец погоди за 26-24, потоа Оливие Њокас погреши, а Мелиќ од контра зголеми на 27-24. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk