Исландска гол машина место Манасков во Веспрем

Исландскиот весник Висир открива интересен можен трансфер и што всушност стои зад одлуката на Веспрем да се раздели со македонскиот репрезентативец Дејан Манасков. 



Договорот на Дејан Манасков со Веспрем завршува летово и тој нема да  биде продолжен. Унгарците потврдија и му се заблагодарија на македонското крило кое се уште се рехабилитира по повредата на коленото здобиена уште во октовмри, на дуелот со Веспрем 2 во шампионатот на Унгарија. 

Исландскиот весник тврди дека замената за Манасков во Веспрем ќе биде исландското крило Бјарки Мар Елисон. 
Овој ракометар во моментов игра за екипата на Лемго и е четврти стрелец во Бундес лигата со 119 постигнати погодоци, само осум помалку од моментално првиот стрелец, Никлас Екберг од Кил. 

ОБНОВЕНО: Веспрем го потврди трансферот на Бјарки Мар Елисон. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk