Норвешкиот шампион Елверум, еден од клубовите што пријатно изненадија сезонава во Лигата на шампионте, сериозно е хендикепиран за продолжението на ЛШ.
Доминик Мате, унгарскиот репрезентативец заработи сериозна повреда на коленото, ќе биде опериран следната недела и ја пропушта тековната сезона, стравувањата се дека и почетокот на следната нема да биде во на терен.
Доминик Мате (22) е десен бек во екипата на Елверум со потпишан договор за трансфер во ПСЖ на лето. Важи за еден од најголемите светски таленти и требаше да биде замената за Недим Ремили во Париз.
Во Елверум е еден од најдобрите, втор стрелец на тимот и човек што решаваше многу ситуации на терен.
Елверум е пријатното изненадување во ЛШ и е ривал на Вардар во битката за влез во елиминациите. Елверум и ППД Загреб се во моментов пред Вардар на 5 и 6 место, но само со бод повеќе од црвено-црните, а и едните и другите ги чека гостување во Скопје.
Елверум на тоа гостување ќе биде значително ослабен.