Србија останува без Ненадиќ

Петар Ненандиќ, во моментов најпознатиот и најдобар играч што го има Србија, денеска објави крај на репрезентативната кариера. 



Не би рекле дека некого изненади одлуката на Ненадиќ да ја заврши репрезентативната кариера, на возраст од 35 години кога игра една од најдобрите сезони во кариерата.
Ненадиќ постојано чекореше по линијата играм - не играм, во последно време не играм, а тоа се должеше на завојуваните кланови што со години го влечеа напред назад српскиот репрезентативен ракомет.

Сега (засега) има некој нов ветер, нов селектор - странец, играта им е подобра, иако резултатите - не. Сфатиле или не сфатиле и тие се меѓу жртвите на убиствениот систем 6х4 на ЕП. Таму не ја минаа групата, а за противник во баражот за СП ја добија Словенија, односно победникот од баражот Словенија - Италија.
И ќе мораат на тој многу важен двобој без Петар Ненадиќ кој си заминува како што вели без особена причина, со морална обврска да му го отстапи местото на некој помлад.
 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk