УО на РФМ: Проширувањето на Лигите на дневен ред

Управниот одбро на РФМ денеска одржа онлајн состанок на кој беа усвоени неколку предлози. Менувањето на системот на натпревари беше главната тема. 



Управниот одбор на РФМ денеска ја прифати иницијативата на клубовите за промена на системот на натпреварување, односно предлогот за проширување на Супер лигата. 
Формирани се и комисии што ќе ги разгледуваат предлозите и идеите за промена на системот на натпреврување и во младинските категории и во женската Супер лига. 
Машката Супер лига, следната сезона ќе брои 16 екипи што во првата фаза ќе бидат поделени во 2х8, а потоа во Плеј оф и Плеј аут од исто така осум екипи.

Годишното собрание ќе се одржи во јуни. Дотогаш, односно до 15 април комисиите ќе треба да достават финални верзии на предлозите што потоа ќе бидат одново разгледни од УО.

Ќе биде формирана и комисија за сали, нешто што е новост. Се задолжи Комесарот за спроведување на натпревари –Славе Николов да формира Комисија за спортски сали заеднички со претставници на ракометните клубови, во насока на дефинирање односно создавање подобри услови и стандарди за организирање на ракометните натпревари

Се донесе генерален заклучок за мобилизација на сите расположливи ресурси за организација и промоција на престојното EHF Европско првенство во сениорска женска конкуренција кое во период од 04ти до 20ти Ноември 2022 година каде организатори се националните федерации на SLO/MKD/MNE, како и за идните активности на националните селекции сениорски и младински во машка и женска конкуренција
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk