Пораз на дерби и веднаш - разделба

Поранешниот ракометар на Вардар (2004/06)  и на Металург (2008/09), Александар Стојановиќ (38) заминува од Партизан. 



Договорот за раскин на соработката почната минатото лето, доаѓа по само 24 часа по поразот на Партизан во домашното првенство од шампионот Војводина (24-28). 
Дали е поразот директна причина за раскинот или се чекаше да заврши дербито за да биде објавен е прашање на кое одговоро порано или покасно ќе се појави во јавност.
Не се знае какви се плановите на Стојановиќ кој веќе има полни 38 години, а ниту на Партизан кој останува без искусниот десен бек. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk