Со натпреварот меѓу Македонија Ѓ. Петров и Металург РА на кој прволигашот од Автокоманда ја запиша својата прва победа, стартуваа натпреварите од Првата лига. Денеска се играат другите натпревари, а прв на терен беше лидерот во групата „Б“.
Алкалоид со победа и 50 постигнати гола се враќа од гостувањето во Кичево. Доминантно од почетокот, со водство од 5-1, 6-3, 10-3... гостите од Скопје компетно ја контролираа играта и на одмор заминаа со водство од 24-8.
Кичевските ракометари не можеа да се одбранат од пикерот на Алкалоид, Марко Стојковиќ кој постигна осум гола во првото полувреме, а на листата на стрелци му се приклучи десното крило/бек Мартин Димовски исто така со осум гола. За скопскиот тим дебитираше Тодор Узунчев со четири постигнати погодоци.
Во второто полувреме разликата од 16 се зголеми на 30 гола разлика и во таков ритам беше привршен натпреварот.
Александар Мирчески беше стрелец на шест погодоци за домашниот тим, додека Тошев и Смилески погодија по три пати.
Денеска се играат уште два меча од оваа група, Астраион го пречекува Јуниор Кисела Вода, а Куманово игра со Текстилец, додека утре Аеродро се среќава со Голден Арт.