АНАЛИЗА: Контролата на темпото, база на новиот ракомет

Од сајтот на Европската ракометна федерација го преземаме написот на аналитичарот на податоци Јулијан Рукс за користењето на технологијата и податоците на ЕП 2022.





ВЛИЈАНИЕТО НА ТЕМПОТО НА ИГРА ВРЗ РЕЗУЛТАТИТЕ

Се уште се свежи сеќавањата на тоа како Шведска ја совлада Шпанија во финалето на машкото ЕП 2022. Барајќи ги причините како и зошто момците на Глен Солберг успеаја да го освојат златниот медал, прво што паѓа во очи е многу добриот процент на реализација од 71, 8 односно многу над нивниот просек од 64.7. 
 
Копајќи малку подлабоко во податоците, се приметува уште една работа. Предводени од плејмејкерот Јим Готфридсон, скандинавците одново можеа да го диктираат темпото на игра во своја корист. И тоа успешно го правеа на поголемиот дел од нивните натпревари на ЕП 2022. 
 
Меѓу екипите што минаа во главната рунда, Шведска беше репрезентацијата со второто најниско темпо на игра. На нивните натпревари имаа во просек само 48.1 посед на топка. Но, до оваа бројка се доаѓа поради тоа што нападите на нивните противници беа доста долги, просечно околу 39.0 секунди и тоа е најголемата бројка меѓу тимовите од главната рунда. Нападите на Шведска како и да е беа значително пократки и траеја 35 секунди во просек, што е просекот на речиси сите екипи. 
 
Причините за тоа е разновидни. Во случајот на Шведска се чини дека тоа беше и дел од нивниот план на игра и знак на добра одбрана. Шведска ја имаше втората најдобра одбрана со 25.5 примени гола на 50 напади. 
И во финалето беше слично, на Шведка и требаа 36.1 секунда по напад, на Шпанија 37.9 секунди. Но, за екипата на Жорди Рибера овие бројки се обратни од вообичаените, додека Шведска имаше слична статистика за должината на поседот на топка. 

ЕВОЛУЦИЈА НА ТЕМПОТО НА ЕП
 
ЕП 2022 секако не беше првиот турнир на кој контролата на темпото беше одлучувачки фактор. За ЕП пред 2016 година нема точни податоци, но од друга страна, освен за првенствата од 1994 и 1996, сепак, постојат доволно податоци за да се овозможи точна проценка. 
Бројките покажуваат дека пред 22 години бројот на напади по екипи на натпревар се малтене како и денеска. Но, во меѓувреме, до 2004 година се бележи голем пораст, а од 2006 линеарен пад, па се до денешните кои се на исто ниво.
На врвот на таканаречениот брз ракомет, во 2004 и 2006 натпреварите имаа и по 20 насто повеќе напади од денеска. 
 
Причините и во овој случај се разновидни. Од една страна тогаш фокусот беше на форсирање на темпо, додека денеска се работи за диктирање и контрола на темпото како би се добил најдобиот можен ефект. 

Очигледно е дека постои корелација со фактот дека најнеефикасните шутеви во ракометот, тие од девет метри и од подалеку се поретко се изведуваат. Денеска изостануваат и брзите и неподготвени удари на гол, само поради ритамот.
Првиот, вториот и третиот бран на напади, секако, и натаму се составен дел на добар напад и создаваат доста ефикасни шанси за постигнување на гол. Ако веќе не се оствари добра шанса за брз напад, тогаш треба некое време за да се добие најдобра шанса за шут. 
 
Од друга страна и самите тренери се повеќе се прилагодуваа на брзата игра, па според потребата на тоа се подобри и транзицијата во одбрана.  Во тој развој секако имаат улога и промените на правилата како што е на пример шест додавање на пасивна игра. 
 
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА
 
Развојот на вкупниот број на голови, сличен е на развојот на бројот на напади и јасно постои папочна врска меѓу нив - што повеќе напади, тоа и повеќе шанси за постигнување на голови.  
Но, ако место тоа погледнеме колку напади завршуваат успешно реализирани, сликата е поинаква.
о 1998 на 50% од посед на топка се постигнуваа само 23.0 гола. Од тогаш, речиси на секое ЕП е поставуван нов рекорд на ефикасност. ЕП 2022 не е исклучок, 26.9 голлови на 50 посто посед на топка е нов рекорд. 
Ваквиот развој може да се препише на растечкиот процент на шут кој пак е последица на намалениот број на шутеви од поголема дистанца.
Наспроти тоа, бројот на загубени топки е релативно константен сите овие години. 
 
Се чини доста јасно дека само анализата на темпото не допушта да се изведат заклучоци за ефикасноста и успехот. Поглед на екипите во главната рунда тоа го потврдува. По редоследот на темпото, четирите полуфиналисти рамномерно се распоредени со сите други екипи од главната рунда. Но, овие четири тима беа поуспешни од просекот на голови и примени голови на 50 посто на напади.
 
Оттука можеме да изведеме заклучок дека едноставното форсирање на игра со што повеќе темпо - не е само по себе клуч на успехот, туку дека темпото треба да се контролира и користи на начин на кој најмногу му одговара на дадениот тим. 
 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk