Лимож купува во скапи продавници

Францускиот тим Лимож е следниот меѓу клубовите што ќе добијат поголема важност и ростер со звучни имиња. 



Францускиот клуб Лимож веќе успеа со резултати да го привлече вниманието, а сега гради и тим во кој има се повеќе познати имиња. 
Овој клуб успеа на Нант да и го земе првиот тренер, Алберто Ентериос следната година ќе биде на нивната клупа. Голманот Јан Женти, а и доскорешниот пикер на Е. Пелистер, Томислав Кушан се исто така нивни нови аквизиции. 

Последното потврдено засилување доаѓа од Барса. Крилото Анхел Фернандез кој претходно играше три сезони за Келце, потпиша договор со Лимож важечки од следната сезона. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk