Супер драма и бодови за Охрид

ОХРИД - БУТЕЛ СКОПЈЕ   26-25 (11-12)
Шилегов 8, Николов 4 - Мајиќ 7, Василевски 4, Митев 4



Охрид ги освои бодовите од дуелот со Бутел Скопје, дуел што имаше супер драматична завршница и сигурно им ги истенчи нервите и на домашните и на фановите на Бутел. 

Домашниот состав на почетокот на средбата имаше мала предност, но откако Охрид поведе 7-6 потоа постојано беше во водство за домашните бркаа. 
Бутел Скопје имаше минимално водство по 30 минути игра (12-11-, водеше и во добар дел од второто полувреме се до резултат 23-22. 
По ова следеа два гола на охриѓани и откако поведоа со 24-23, тие го конторлираа резултатот. За волја на вистината се работеше за по само два постигнати гола од двете страни, но финишот беше нешто што мора да се прераскаже. 
Бутел Скопје напаѓаше на две минути до крајот и имаше негатива 25-26. Марко Митев го поведе нападот, но за малку ќе настрадаше во дуел со Стефан Додиќ. Српскиот интернационалец заврши со две минути казна, Митев со помош на соиграчите се пресели на клупата. 
Следеше напад со играч повеќе, топка и вишок за на лево крило од каде биеше најдобриот стрелец Мирко Мајиќ, но Јагош Брауновиќ одбрани, потоа и Раде Стојановиќ побара тајм аут и веќе почна да се слави победата со оглед на тоа дека останаа уште дваесетина секунди до крајот. 
Но, Бутел играше пресинг, а Охрид погреши уште во првото додавање и на гостите им останаа десетина секунди за последен напад. Тргнаа хотично, не успеаја да организираат акција, па има останаа само две секунди за шут, а и тој, инау дело на Денис Тот, заврши далеку над голот, по што прекинатото славење на домашните можеше да продолжи. 

Охрид сега е одново во полна трка за Плеј оф и ќе биде интересно да се види како на крајот ќе се склопат коцките. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk