Вардар победи, Пролет беше без шанси

ВАРДАР 1961 - Т. ПРОЛЕТ   34-22 (15-12)
Моралес 5, Гаџа 4, Дибиров 4 - Аларов 5, Голубовиќ 5, Џонов 5



Вардар ја совлада екипата на Т. Пролет, а Давид Дејвис од „трета“, по една одложена и една загубена, ја запиша својата прва победа. Не беше ова особно тежок натпревар за Вардар, кој за волја на вистината и денеска во првиот дел не блескаше, а гостите без резултатски блиску.
Но, севкупно, разликата во квалитет беше евидентна. Т. Пролет веројатно свесен дека нема шанса за изненадување, направи црвено-црните полесно од што требаше да стигнат до победата.

Првиот дел беше резултатски израмнет во најголемиот дел (4-3, 7-7, 10-9, 11-9), а тоа се должеше во прв ред на промашените шутеви и технички грешки. Пролет во овој дел преку Голубовиќ и Џонов во гледно ја следеше резултатски играта на Вардар и на одмор се замина со минус три. 
Во вториот дел, кој беше подобриот за Вардар, уште на почетокот направи 10-3, поведе со 25-15 и потоа се играше, според старото новинарско клише „рутински до крајот на натпреварот“. 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk